Connect with us

Свет

Германските бродосопственици ја критикуваа одлуката на владата да не се испраќа морнарицата во Заливот

Германските бродосопственици денеска ја критикуваа одлуката на германскиот министер за одбрана Борис Писториус да не испраќа германски воени бродови во областа на Заливот со цел заштита на трговската флота. 

„Бевме изненадени кога ја примивме веста дека Германија нема да учествува во евентуалната мисија за заштита на трговските бродови во Заливот“, објави Здружението на германски бродосопственици (VDR).

Во соопштението за медиумите се наведува дека земјите од Г7, вклучувајќи ја и Германија, неодамна ја нагласија потребата од мерки и напори за обезбедување безбеден премин за цивилните бродови низ Ормускиот Теснец.

„И Германија треба да ги земе предвид сите опции што би довеле до успешна заштита на бродовите и екипажите. Само верувањето дека нема да се случат инциденти, со оглед на моменталната ситуација, не може да биде сигурна стратегија“, се наведува во соопштението.

Германскиот министер за одбрана Писториус вчера ја отфрли можноста за заедничка европска мисија за заштита на преминот низ Ормускиот Теснец.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно изјави дека во моментов нема причина да се дискутира за заштитата на морскиот премин. „Германија не е дел од оваа војна, а ние не сакаме ниту да станеме дел од неа“, рече Мерц за време на неговата вчерашна посета на Норвешка.

Земјите-членки на Г7 пред три дена донесоа одлука за подготовка за обезбедување слободен поморски сообраќај во областа на Заливот. Завчера, за првпат, брод што ѝ припаѓаше на германска бродска компанија во Заливот беше погоден од шрапнели, по што на бродот избувна пожар, што брзо беше изгаснат.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2