Connect with us

Хроника

Без возачки дозволи управувале автомобил и мопед, возилата одземени

Две лица, во одделни случаи вчера привела струшката полиција поради управување автомобил и мопед без положен возачки испит, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 15 часот, на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишиле К.Т.(29) од Радолишта. 

– При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, стои во соопштението.

Неколку часа подоцна, односно во 20  часот на улицата „Глобочица“ во Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишиле Р.М.(47) од Струга. 

– При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, информира СВР Охрид. 

По насоки на јавен обвинител, автомобилот и мопедот се одземани и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2