Connect with us

Вести

Архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Иларион во црквата во Кочани отслужија света литургија и општ парастос во спомен на загинатите

Во Кочани денеска се одржаа верски обреди по повод одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар, во спомен на загинатите во мартовската трагедија од 2025 година.

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ беше отслужена света литургија за упокоените, по што се одржа и општ парастос.

Со богослужбата чиноначалствуваа Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство, митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, во сослужение на свештенството од епархијата.

На обредите, освен членови на семејствата на починатите, присуствуваа граѓани, верници и претставници на институции, кои со молитва и почит оддадоа спомен на настраданите во трагичниот настан.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1