Connect with us

Вести

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ оствари работна средба со српската колешка Татјана Мацура

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска остварил работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во владата на Република Србија.

– На средбата беше изразена заедничката определба за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на точките што нè спојуваат во областа на родовата еднаквост, заштитата на жените од насилство и унапредувањето на економското и политичкото учество на жените, како и за зајакнување на институционалниот дијалог по овие прашања – соопшти Кабинетот на вицепремиерот Стоилковиќ.

Соговорниците разговарале за значењето на интегрирањето на родовата перспектива во политиките што се однесуваат на заедниците имајќи ја предвид потребата од еднаков пристап до права, услуги и можности за сите граѓани, вклучително и жените од разни етнички и социјални средини. Посебно внимание било посветено на економското јакнење на жените како предуслов за нивна поголема општествена вклученост и намалување на ранливоста. Во таа насока биле разгледани можностите за понатамошна соработка преку размена на искуства и добри практики, експертска комуникација меѓу надлежните институции и иницирање заеднички активности во рамките на регионалните иницијативи.

– Средбата беше оценета како конструктивна со изразена подготвеност за редовна комуникација и конкретни чекори во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу земјите во областите од заемен интерес –  се вели во соопштението.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4