Connect with us

Скопје

Стаменкоска-Трајкоска: Затворен за сообраќај патот кон Теферич, се работи на изнаоѓање решение за трајна санација на оштетувањето

Патот кон Теферич е затворен за сообраќај и интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедно техничко решение за трајна санација на оштетувањето, објави денеска на „Фејсбук“ градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Стаменкоска-Трајкоска информира дека денеска повторно извршиле увид на терен со градоначалникот на општина Сопиште, Јане Мицевски, и по извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.

– Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедно техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција. Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет! – напиша градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1