Connect with us

Општини

Со стартот на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ почна градежната сезона во Штип

Почна градежната сезона 2026 година во Општина Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој присуствуваше на стартот на целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“.

Јорданов рече дека  од денеска се почнува со реконструкција на подземната инфраструктура, односно со замена на нова водоводна и канализациона мрежа, а ќе се работи и на атмосферскиот одвод. 

-На улицата потоа ќе се работи на нови тротоарни површини и на крај асфалтирање на улицата. Повеќе од девет милиони денари се одвоени од буџетот на Општина Штип за оваа активности. Веруваме дека во наредните недели овде ќе бидат испланирани, завршени сите активности. Замолувам за трпение кај месното население, затоа што мора да се навлезе и темелно да се работи-рече Јорданов.

Штипскиот градоначалник Јорданов најави дека по завршување на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“, градежните активности ќе продолжат и на други улици во населбата Леваци, а тоа се „Коле Неделковски“, „АСНОМ“, „Боро Милевски“ и други улици. 

-Повеќе од 50 улици се ставени во Програмата за уредување на градежно земјиште. Така да оваа пролет, лето Штип навистина ќе се реконструира, ќе се гради, ќе се работи и еве оваа улица може и официјално да го означи почетокот на оваа градежна сезона-изјави Јорданов. 

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов додава дека се прават темелни реконструкции на улиците, бидејќи подземните инсталации се стари и по половина век. Во наредните денови ќе продолжи и доизградбата на мега паркот кај пешачката и велосипедска патека на реката Брегалница.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4