Connect with us

Општини

Јанчев: Изградбата на зелена коридорна зона над Кавадаречки дол ќе го зајакне урбаното и климатското приспособување на градот

Изградбата на зелена коридорна зона над Кавадаречки дол, ќе ја подобри урбаната функционалност, ќе го намали ерозивното влијание и ќе го зајакне урбаното и климатското приспособување на градот. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за медиумите, за време на работната посета на општината на Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава. Тој посочи дека во Кавадарци се спроведуваат низа проекти во соработка со УНДП.

– Еден од нив, е проектот за подобрување на квалитетот на воздухот. Едногодишното мерење покажало дека концентрациите на ПМ 2,5 честички често ја надминуваат националната и ЕУ граница, а главните извори на загадување се согорување на биомаса, отворени огништа и согорување отпад, сообраќај и прашина од патишта и почва. Во рамките на проектот се изработија локални планови за квалитет на воздухот, се одржаа два форума со заедницата, каде што граѓаните дискутираа за можните мерки, а како приоритет беше избрана изградбата на зелена коридорна зона над Кавадаречки дол, рече градоначалникот.

Притоа тој го спомна и проектот за поддршка на граѓанските организации, преку програмата РИЛОАД.

– Изнајдовме начин преку лот методологијата да придонесеме кон транспаретнтна распределба на средствата и зајакнување на капацитетите на невладините организации. Преку проектот јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти, изработивме техничка документација за водовод и канализација за локалитет Моклиште и сме особено горди што ртеализацијата е во завршна фаза, а исто така во наредниот период преку истиот проект очекуваме изработка на техничка документација за велосипедска патека до Тиквешко езеро долга околу 15 километри, подвлече Јанчев.

Патем градоначалникот на Кавадарци го спомна и проектот за сајбер безбедност на јавните комунални претпријатија.

– Ќе обезбедиме дигитален сервис и висок степен на безбедност пред се на водата за пиење и многу други. Поддршка на општинските совети каде што обезедуваме база на податоци. Заедничката работа со граѓаните и партнерите ќе биде клучна за успехот, а УНДП ќе ни помогне да ја претвориме оваа визија во конкретни резултати, нагласи Јанчев.

Григоријан исто така се осврна на соработката со Општина Кавадарци и подвлече дека таа соработка ќе продолжи и во иднина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1