Connect with us

Општини

Донација за ЈЗУ Општа болница – Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација

ЈЗУ Општата болница во Кочани прими донација од 90 комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани.

– Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролор и клон-ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби – соопшти Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација.

Со оваа донација, како што наведуваат, значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3