Connect with us

Општини

Делчевските пчелари го одбележуваат празникот Свети Харалампиј – заштитник на пчеларите

Во Делчево денеска пчеларите го одбележуваат празникот Свети Харалампиј, заштитник на пчелите, пчелните производи и пчеларите. По трет пат по ред, локалните пчелари од здружението „Пијанечка Пчела 2“ традиционално го одбележаа овој значаен ден, со надеж дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина.

-По тој повод, вечерва организираме заедничка прослава на која се поканети околу педесетина пчелари. Во рамки на настанот ќе ја најавиме новата манифестација под наслов „Денови на пијанечкиот мед“, која во иднина се очекува да стане традиционална и да се вклучи во културниот календар на Општина Делчево, информира Јованчо Медарски, претседател на здружението.

За манифестацијата веќе е подготвен проект, чија реализација ќе зависи од финансиските средства што ќе бидат обезбедени.

-Настанот ќе биде збогатен со лотарија и традиционално кршење лепче со паричка, при што ќе биде избран новиот кум за наредната година. Упатувам благодарност за заедничкото дружење и изразуваме надеж дека новата пчеларска година ќе биде успешна, плодна и исполнета со здравје, додаде Медарски.

Во рамки на одбележувањето на празникот посветен на заштитникот „Св.Харалампиј“ утрово пчеларите ја посетија и црквата „Св. Наум“ каде беше отслужена утринска молитва за бериќетна година.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3