Connect with us

Општини

Се одржа осмата планинска трка „ Чупино Winter Vertikal 2026“

Oд центарот на селото Блатец, виничко кон врвот Чупино на 1725 метри надморска височина денеска се одржа 8 – та по ред планинска трка „Чупино Winter Vertikal 2026“ на која учествуваа 160 – тина планинари и рекреативци од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Грција, САД и Австрија кои истрачаа 5 километрти во еден правец, со висинска разлика од илјада метри.

Во напорната планинска   трка со снег на планината, отежната видливост  и многу  стрмна и напорна  патека, првото место во силна конкуренција  кај жените го освои Елена Каранфилоска, а кај мажите Златко Карчески.

Како што информира за МИА,организаторот на трката од Здружението за планински спортови „Чупино Треил“ Дарко Атанасов, целтта на трката   е кај граѓаните да го  поттикнат планинското трчање макар рекреативно како  и   престој на чист воздух во природа, а посебно кај младите.

-Целтта на оваа планинска зимска трка која веќе е традиционална од 2019 година наваму, сакаме преку неа да се развиваат планинските спортови ,да го поттикнеме интересот кај граѓаните, а посебно кај младите да водат здрав живот. Воедно и инциираме планинарењето како спорт да се воведе во наставата кај учениците, на часовите по физичко, вели тој.

Воедно во рамките на трката се одржа и еколошки  протест на жителите на село Блатец, а  за спас на реката Блатешница на која се планира изградба на хидроцетрала.

Протестот под слоганот „Живот даваме Блатешница НЕ, а со повеќе пароли испишани на транспаренти кои ги носеа жителите , а во рамките на трката се одржа денеска  во центарот на Блатец , а го организира Месната заедница на Блатец поддржани од организаторите на трката Здружението за планински спортови „Чупино Треил“.

Воедно денешната трка денеска заврши со музичка програма,топол чај и топло вино,овошје и највкусната  „Бора чорба“ подготвена од многу зеленчук од Борче Пешов и неговата сопруга Оливера, а  кои секоја година ја подготвуваат и бесплатно им  ја делат на учесниците и гостите.

Воедно во музичкиот дел настапија DJ Erick,Float,The Hounds.

Инаку на празникот Голема Богородица 28 август на истата патека се одржува  летната трка „Cupino Vertikal“ а организаторите ја планираат  да се одржи и годинава.

Воедно   двете трки секоја година така и овојпат беа  поддржани и од многу спонзори меѓу кои предничи фирмата „Vincini“ а своја поддршка на учесниците и гостите ии денеска им дадоа  и младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Виница.Тие  на учесниците  и гостите им  делаа  храна и топли напавки чај со органски мед  и сокови и вода,, јаткасти плодови и сушено овошје и многу слатки производи од спонзорите. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4