Connect with us

Вести

По неколку часа во Шутка, Груби спроведен на распит во Јавното обвинителство

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.

По Груби беше распишана меѓународна потерница и во отсуство му беше определен 30-дневен притвор.

Истрагата за „Државна лотарија“, како што соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена и се чекаше екстрадицијата на Артан Груби.

Според Обвинителството, предметот за „Државна лотарија“ опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над осум милиони евра, со намера да прибават противправна имотна корист за друг.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4