Останати спортови
ЗОИ2026: Злато за Канада во карлинг
Канадската машка репрезентација во карлинг го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026, совладувајќи ја во финалето во Кортина д‘ Ампецо репрезентацијата на Велика Британија со 9-6.
Ова е второ олимписко злато за канадскиот „капитен“ Бред Џејкобс (40), првото го освои пред 12 години во Сочи, додека британската четворка предводена од Брус Муат (31) мораше да се задоволи со олимписко сребро втор пат по ред, откако го загуби финалето од Шведска по продолжение пред четири години во Пекинг.
Претходно во саботата, Швајцарија го освои бронзениот медал со победа од 9-1 над Норвешка.
февруари 22, 2026

