Останати спортови
ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
Французинките Емили Хароп и Тибо Анселмет денеска во Бормио го освоија златниот медал во мешаната штафета во скијачко планирање, со што ѝ го донесоа на Франција седмот0 златно одличје на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.
Откако освоија сребро и бронза во своите поединечни дисциплини во четвртокот, во олимпиското деби на дисциплината скијачко планинарење, Хароп и Анселмет водеа денеска од почетокот до крајот, пред Швајцарците (Маријана Фатон и Џон Кистлер) и шпанскиот тандем (Ориол Кардона и Ана Алонзо).
Фатон и Кардона претходно на ЗОИ 2026 ги освоија златните медали во поединечна конкуренција
февруари 22, 2026

