Connect with us

Останати спортови

ЗОИ2026: Канада дозволи вонредно точење алкохол поради финалето во хокеј на мраз

Гувернерот на најнаселената канадска покраина Онтарио, Даг Форд, издаде вонредна дозвола за точење алкохол во рестораните и баровите од изутринава од шест часот наутро, два часа пред почетокот на финалето на олимпискиот турнир во хокеј на мраз во кое од 8:10 по локално време ќе играат Канада и САД.

„Целата земја ќе ги гледа нашите хокеари како се борат за олимписко злато в недела наутро. Ајде да се здружиме, да ја поддржиме локалната економија и да навиваме за Канада!“, порача Форд преку социјалната мрежа Икс.

Премиерот на Британска Колумбија, која се наоѓа на брегот на Пацификот, Дејвид Еби, исто така дозволи утринско точење алкохол.

Машкото хокеарско финале на ЗОИ2026 ќе биде прво во кое ќе се соочат Канада и САД по Игрите во Ванкувер 2010 година, кога канадските хокеари триумфираа со голот на Сидни Крозби во продолжението

Маркетинг
Ad 4
Ad 2