Останати спортови
ЗОИ2026: Финските хокеари ја освоија бронзата
Финската машка репрезентација во хокеј на мраз го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) со триумф од 6-1 (1-0, 1-1, 4-0) против Словачка во натпреварот за третото место во Милано.
Финска беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го освои својот осми олимписки медал, а петти бронзен. Својот единствен златен медал го освои пред четири години на Игрите во Пекинг.
Од друга страна, Словачка остана на својот единствен бронзен медал освоен пред четири години во Пекинг.
Финалето на машкиот олимписки турнир во хокеј на мраз е на програмата денеска со почеток во 14:10 часот меѓу Канада и САД во последниот настан на ЗОИ 2026.
февруари 22, 2026

