Фудбал
ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија, Пелистер и Струга ремизираа
Лидерот Вардар го совлада попладнево Башкими на домашен терен со 1-0, додека Пелистер и Струга одиграа нерешено 1-1 во Битола, во двата денешни натпревари во рамки на 19. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Стефан Цветковиќ во судиското продолжение од првото полувреме му ја донесе десеттата победа во низа на Вардар и го зацврсти составот на Гоце Седлоски на табелата со 51 бод, пред второпласираната Струга со 42 бодови, колку што има и Шкендија на третото место, но и натпревар помалку.
Струга на гостувањето во Битола дојде во предност со голот на Воша во 31 минута, но Булатовиќ во 71 минута донесе израмнување за домашниот тим.
Утре на програмата се дуелите меѓу Силекс – Шкендија и Шкупи – Арсими, а колото ќе биде комплетирано в понеделник кога Македонија ЃП го пречекува Тиквеш.
февруари 22, 2026

