Фудбал
Милнер испиша историја во Премиер лигата
Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Џејмс Милнер (40), стана играчот со најмногу настапи во англиската Премиер лига, откако го одигра својот 654 натпревар во саботната победа од 2-0 на гости против Брентфорд во рамки на 27. коло.
Милнер, кој дебитираше во Премиер лигата во 2002 година на 16-годишна возраст во дресот на Лидс Јунајтед, а потоа настапуваше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул,
Рекордот досега беше во сопственост на Гарет Бери (653), а зад него на вечната листа се Рајан Гигс (632), Френк Лампард (609), Дејвид Џејмс (572) и Гари Спид (535).


