Connect with us

Вести

Започнува регионалниот проект EQUALS за унапредување на бесплатната правна помош

Со обезбедени над 2,5 милиони евра од Австриската агенција за развој, започнува регионалниот проект EQUALS, чија цел е зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за околу 3.000 граѓани во Северна Македонија и Албанија. Проектот, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за правда, има за фокус унапредување на системот за правна поддршка согласно европските стандарди, со посебен акцент на жените, ранливите заедници и жртвите на родово базирано насилство.

Како што соопштуваат од УНДП, проектот, со вкупен буџет од 2.500.000 евра, ќе се спроведува во периодот до 2028 година на територија на Северна Македонија и Албанија.

Проектните активности ќе имаат за цел да обезбеди поквалитетен и поефикасен систем на бесплатна правна помош, со посебен фокус на жените и заедниците во неповолна положба.

ЕQUALS ќе придонесе за подобар пристап до правда за жртви на семејно и родово базирано насилство, жени и девојчиња во ранливи ситуации, етнички малцинства, вклучително Роми и Египќани. Интервенциите ќе бидат реализирани од Министерството за правда.

Во период од три години, проектот ќе обезбеди поддршка за најмалку 3.000 корисници во 8 региони во државата, ќе работи на зајакнување на капацитети кај 150 професионалци и ќе додели 15 грантови на граѓански организации кои обезбедуваат бесплатна правна помош.

Посебен фокус ќе има во општините Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола, Делчево и Свети Николе, каде што веќе функционираат овластени даватели на бесплатна правна помош.

Дополнително, проектот ќе иницира активности и во една општина каде што вакви услуги сè уште не се воспоставени. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2