Connect with us

Вести

Од продавници за здрава храна, уништени над еден тон небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) уништиле 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во рамки на 373 контроли спроведени неделава во објекти за производство и промет со таканаречена здрава храна.

Со контролите било утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ. За констатираните недоследности издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупен износ од 20.550 евра во денарска противвредност.

Кај девет оператори инспекторите констатирале незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, додека кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори била откриена и храна со непознато потекло.

Од АХВ информираат дека кај 18 оператори храната била несоодветно означена, а кај 23 вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.

Дополнително, двајца оператори немале воспоставено процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса или не воделе соодветна документација. Кај исто толку оператори не била спроведена ниту задолжителната дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, соопштија од АХВ.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4