Connect with us

Кошарка

НБА: Рекордна победа на Детроит над Портланд

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со 32 поени, девет скокови и седум асистенции во три четвртини го предводеше измината ноќ Денвер до рекордна победа од 157-103 над домаќинот Портланд во НБА лигата.

Постигнатите 157 поени се најмногу од страна на НБА тим оваа сезона и шести најголем број поени во натпревар во историјата на Денвер.

Воедно, Денвер постави рекорд во регуларната сезона со победа со разлика од 54 поени и ,исто така, го постигна вториот најголем број поени во едно полувреме (82) во историјата на франшизата.

Џру Холидеј постигна 19 поени во редовите на Портланд, кој го претрпе својот шести највисок пораз во историјата на франшизата.

Лука Дончиќ со 31 поени и 11 асистенции го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф во градското дерби над Лос Анџелес Клиперс со 125-122.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3