Connect with us

Скопје

Канал 103 го стартува одбележувањето на 35-годишниот јубилеј со настанот „Стотројка: Нова пролет“

Канал 103 ги започнува активностите по повод 35 години од своето постоење. Првиот јубилеен настан, под наслов „Стотројка: Нова пролет“, ќе се одржи денеска во „Котур“, со почеток во 20 часот.

На програмата се најавени BNELETI – соло проект на музичарот и етномузиколог Ben Wheeler, кој ја истражува фолклорната традиција на Кавказот, загрозените јазици и исчезнувачките инструменти. Во својот настап ги спојува грузиската полифонија и азерската гитара со dark ambient, drone и експериментална електроника.

Потоа ќе натапи Медарски со електроника во живо и органско техно, како и ЅЕНЅ – диџеј сет на Тео Симоновски од Канал 103.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2