Останати спортови
ЗОИ 2026: Златен медал за женската штафета на Јужна Кореја
Женскиот тим на Јужна Кореја го освои златниот медал во дисциплината шорт трек (брзо лизгање) 3.000 метри откако во последниот 26.тиот круг ја мина штафетата на домаќинот Италија. Штафетата на Јужна Кореја настапи во состав (Чои, ким, Шим и Но) постигна време 4:04.014 минути. Ова за Јужна Кореја беше седми златен медал во оваа дисциплина на Олимписките игри, а пред четири години во Пекинг го освоија сребрениот медал.
Второто место им припадна на европските шампионки – штафетата на Италија со време 4:04.107 минути, додека светските шампиони штафетата на Канада го освои бронзениот медал со време 4:04.314 минути.
Без медал во А финале остана олимпискиот шампион од Пекинг штафетата на Холандија.
За Јужна Кореја ова е второ злато на Игрите во Милано Кортина.
февруари 19, 2026

