Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Златен медал за светскиот шампион Дубоа од Канада

Олимписки шампион во дисциплината шорт трек (брзо лизгање) 500 метри кај мажите стана Стивен Дубоа од Канада. Тој доминираше од стартот на трката и во ниту еден момент актуелниот светски првак во оваа дисциплина не го испушти првото место и патеката ја мина со време од 40.835 секунди.

Во финалната група за медали Дубоа зад себе го остави холандското трио. Среброто му припадна на Меле ван Тваут, кој беше само за шест илјадити делови од секундата побрз од својот брат Јенс, кој пак веќе освои две злата на подолгите патеки од 1.000 и 1.500 метри. Од холандските лизгачи без медал остана Теун Боер.

Во финалната група имаше уште еден претставник од Канада Вилијам Данжину, кој остана без пласман.

За Канада ова беше 14.ти медал на Игрите во Милано Кортина, а четврти златен. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1