Останати спортови
ЗОИ 2026: Познати полуфиналистите на хокеарскиот турнир
По одигрувањето на четвртфиналните натпревари на машкиот хокеарски турнир на Олимписките игри во 2026 година, репрезентациите на САД, Канада, Словачка и Финска се пласираа во полуфиналето.
Според принципот на рангирање, полуфиналните парови ќе бидат:
Канада – Финска
САД – Словачка.
Полуфиналните натпревари ќе се одржат утре, 20 февруари. Термините се 16:40 и 21:10 часот.
Финалето е закажано за 22 февруари, а натпреварот за третото место е ден порано (21 февруари).
февруари 19, 2026

