Скопје
Бети Стаменкоска-Трајкоска даде отчет за сработеното во првите сто дена од мандатот како градоначалник на Кисела Вода
Отчет за сработеното во првите сто дена од мандатот денеска пред јавноста даде градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.
Пред граѓаните на Кисела Вода таа рече дека нејзниот отчет „Сто дена – сто дела“ не е само симболика, туку жива статистика на заедничкиот труд, доказ дека во Општината секој нов ден значи нов проект во интерес на граѓаните.
– Нашата работа се темели врз три столба – целосна законска издржност, апсолутна транспарентност и проекти што произлегуваат од барањата на граѓаните. Во изминатиот кус период Кисела Вода го потврди својот етпитет на ефикасен сервис на граѓаните – рече Стаменкоска Трајкоска.
Таа посочи дека за сто дена се реализирани пет километри нов асфалт, отворено ново кино, се работи интензивно на над 20 капитални проекти…
– Динамиката не запира, некои од зафатите се завршени и пуштени во употреба, а други се во напредна и завршна фаза… Тоа се заеднички инвестиции со центрлната власт, со единствена цел – подобар и побезбеден и пондунционален живот за сите – рече градоначалничката.
Таа пред граѓаните истакна дека изминатиот период Општината со силен интензитет се нафатила на обнова на патната мрежа, со успешна реконструкција на улицата Георги Димитров, улицата 527, изградба на потпорни ѕидови и уредување на коритеото на Мала Рада, каде што во тек е партерно уредување.
– Во напредна фаза се реконструкцијата на улицата Жил Верн и улицата Саса, со краците, како и игзрадба на пешаки патеки, со партерно уредување пред салата „Расадник“. Во тек е изградба на фекална канализација за Бабин Дол, а во завршна фаза е атмосферската мрежа на улицата Томе Арсовски… Во фаза на изградба се два нови паркинг-простора со 80 места… Енергетската ефикасност ја подигнавме со замена на три илјади улични светилки со инсталирање ЛЕД-светилки – рече, меѓу другото, Стаменкоска-Трајкоска.
Кога станува збор за социјалниот аспект на живот во Општината, градоначалниката посочи дека во Пинтија и Драчево се градат нови објекти на месните заедници, потоа дека во фаза на изградба се десет нови детски катчиња, што ќе се градат во Кисела Вода.
– Во овие сто дена постојано работевме на капитални реконструктивни зафати во повеќе училишта. Со поддршка од Владата во напредна фаза се доградбата на ОУ „Невена Георгиева Дуња“ и ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Во фаза на изградба е новото основно училиште во село Драчево, реконтруирани се тоалетите во ОУ „Партеније Зоорафски“… – рече градоначалничката на Кисела Вода.
Како дел од континуираните активности за доопремување на училиштата и модернизација на образовниот процес, обезбедени се и компјутери, принтери, телевизори, а некои од училиштата добија и фотоволтаични системи. Меѓу другото, таа ја посочи и поддршката на Општината за спортот, спортистите и спортските кубови, како и за лицата со попреченост, од донации на опрема, до изградба на спортски сали.
– Квалитетот на живот на една општина се мери според чистотата на нејзините паркови, улици. Затоа подигнивањето на хигиената го поставивме како нов секојдневен императив. Овозможивме селекција на текстилен отпад, Локациите пред месните заедници ги опремивме со 15 специјализирани контејнери, а мрежата се шири со уште толку такви контејнери пред училиштата – рече таа притоа посочувајќи дека за сто дена се исчистени 27 депонии, собрани се над 50 тони комунален и 19 тони кабаст отпад – рече Стаменкоска-Трајкоска.
Таа посочи и повеќе проекти од областа на културата, од пуштањето на новото кино во Драчево, проектот „Кисела Вода на дланка“, иницијативата за системско собирање и обработака на податоци за археолошки и историски локации, за изработка на културно-историска и архелошка карта на општината… За задржување на младите во општината, таа ја посочи одлуката да бидат ослободени од плаќање комуналии сите млади брачни парови што ќе решат да градат нов дом.
Градоначалничката на Кисела Вода најави дека и во иднина се предвидени многу капитални проекти, чија реализација ќе се спроведува како со сопствени средства така и преку поддршката на централната власт, во која Општината има силен партнер.
Тука беа посочени реконструкцијата на улицата Мариовска, изградба на атмосферски канал „Црн канал“, улицата Речиште со краците, на улицата Иван Хаџи Николов со краците, на улицата Киро Фетак кај мостот, локалниот пат од Драчево до ОХИС, ново паркиралиште со улица зад домот „Кузман Јосифовски-Питу“, реконструкција на улиците Томе Арсовски, Фридрих Шопен, подобрување на системот за водоснабдување на населбата Каменик…
– Оваа листа не е само план на проекти, за нив има буџет, зад нив стојат луѓе што се подготвени тоа да го сработат. Ова е само почеток на амбициозна приказна. Ова се само сто дела од многуте што следуваат. Продолжуваме понатаму, заедно. Кисела Вода продолжува да биде општина што работи за вас – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.
февруари 19, 2026

