Connect with us

Фудбал

Артета по ремито со Вулверхемптон: Ќе прифатиме секаква критика, не игравме на нивото на кое требаше

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, беше самокритичен по синоќешниот нерешен резултат 2:2 со Вулверхемптон во натпреварот на гости од 31. коло од англиската Премиер лига.

– Ова секако е заслуга на Волците, тие не можат да бидат потценети. Најосновните и наједноставните работи ги направивме погрешно. Секакви прашања, критики или мислења – мора да ги прифатиме денес. Сè. Ќе прифатиме секаква критика, бидејќи не игравме на нивото на кое требаше. Сè што некој ќе каже може да биде вистина, бидејќи не го направивме она што требаше. Патот до корекција е на теренот во недела, ќе имаме одлична можност. Очигледно сме крајно разочарани од резултатот и од тоа како заврши натпреварот, но само себеси треба да се обвиниме. Во второто полувреме не покажавме ништо блиску до стандардите потребни за победа во оваа лига. Ова е момент на разочарување, сакаме многу да зборуваме за нашите чувства, но сега не е време за тоа, изјави Артета по натпреварот.

Арсенал има 58 бода во 27 натпревари и е прв на табелата во англиската Премиер лига. 

Вулверхемптон со 10 бода по 27 кола е на последното место.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3