Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши трката и во слалом

Македонската скијачка Јана Атанасовска остана без пласман во денешниот слалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. 

Атанасовска не успеа да стигне ниту до првата мерна станица.

Претходно единствената Македонка во алпските дисциплини на Олимпијадата 2026 не ја заврши ниту првата трка во велеслалом.

По првото возење води Американката Микаела Шифрин со време 47,13 секунди, пред Лена Дир од Германија која патеката ја помина за 47,95 секунди.

Почетокот на втората трка е закажан за 13:3о часот.

Атанасовска беше последната учесничка од македонската репрезентација на ЗОИ 2026. Претходно на Игрите учество земаа Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков

Маркетинг
Ad 3
Ad 1