Connect with us

Сервисни информации

Водостојот на Охридското Езеро 20 сантиметри над просекот за февруари

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,59 метри надморска височина, што е 20 сантиметри над просекот за февруари утврден на 693,39 метри надморска височина или 49 сантиметри над дозволениот минимум (693,1).

Добрата кондиција на водостојот на езерото е последица на интензивните врнежи во регионот изминатиот период. 

Инаку, минатата година на денешниот датум нивото на водата во езерото се наоѓаше на котата 693,16 метри надморска височина или 23 сантиметри под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата изнесува шест степени или половина степен пониска од месечниот просек. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3