Connect with us

Скопје

Сто дена од новиот мандат на градоначалникот Дејан Митевски: Конкретни проекти, видливи резултати и јасна насока за развој

Во првите 100 дена од мандатот, Општина Аеродром реализираше низа конкретни проекти и мерки насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, со посебен фокус на образованието, инфраструктурата, екологијата и поддршката за семејствата.

Усвоен е најголемиот и најкапиталниот буџет во историјата на општината, со што се обезбедени средства за проекти кои долго време беа на листата на чекање. Во областа на образованието беше отворена нова училишна зграда на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, спроведена е реконструкција на училишни објекти и започната е изградба на нова спортска сала, со што значително се подобрени условите за учениците и наставниот кадар.

Аеродром стана првата општина во државата која воведе системска селекција на пластичен отпад во домаќинствата. Реализирани се активности за зазеленување на општината, поставени се фитнес зони на отворено, обновени се детски игралишта и исчистени се над 600 тони отпад и диви депонии.

Во делот на инфраструктурата, започна реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, изградени се нови паркинг простори, а засилени се контролите на бучава и комуналниот ред, со цел подобрување на условите за живеење. 

Воведовме и социјални мерки, меѓу кои еднократна финансиска помош за новороденчиња и програмата „Нула комуналии – прв дом за млади“.

Дополнително, општината воведе анонимен систем за оценување на работата на администрацијата и забележа значителен раст на индексот на отвореност, потврдувајќи ја определбата за транспарентно управување.

Општина Аеродром продолжува со политиката на одговорно управување во интерес на граѓаните и реализација на започнатите проекти.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4