Сервисни информации
На Попова Шапка 97 сантиметри снег
Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде што во 7 часот измерени се – 8 Целзиусови степени и 97 сантиметри снег. Следуваат Kрушево и Mаврови Анови со -4, Берово и Претор -1, Крива Паланка, Охрид, Битола, Прилеп 0, Штип и Виница 2, Тетово, Куманово и Струмица 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија 4, Скопје-Петровец и Велес 5, Гевгелија 6 степени.
Количината врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина во Струмица изнесува 13 литри на квадратен метар, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и Kрушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 во Кавадарци и Mаврови Анови.
Снежна покривка има и во Маврови Анови, 3 сантиметри, во Берово, 2 и во Ѓуриште 1 сантиметар.
УХМР најави дека во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено по должината на Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
февруари 18, 2026

