Скопје
Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека по неповолните временски услови, екипи се испратени на терен, се реагира навремено и координирано. Истовремено, градоначалникот апелира на внимателност.
– Екипите се на терен, реагираме навремено и координирано. Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации во градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните – посочува градоначалникот на својата фејсбук-страница.
Ѓорѓиевски додава дека се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот онаму каде што имало застој.
– Приоритет ни се безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот. Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен. Продолжуваме посветено и одговорно – истакнува Ѓорѓиевски во објавата.
февруари 18, 2026

