Останати спортови
Боксерот Ален Рустемовски и ракометарот Филип Кузмановски спортисти на годината во Битола
Сојузот на спортовите во соработка со Општина Битола ги избраа најдобрите спортисти, спортски клубови и спортски работници за 2025 година.
Наградата најдобар спортист на годината годинава им припадна на европскиот првак во бокс Ален Рустемовски и на ракометарот Филип Кузмановски, а во листата на најдобри десет се и голманот Никола Митревски, Леа Бошевска – кикбокс, Бобан Стаиќ – кошарка, Христијан Илиевски – мото-крос, Јовче Даскаловски – велосипедизам, Даниел Зхоу Главевски – пинг-понг, Марија Димитровска – одбојка, Дарија Крстевска – атлетика и Андреј Јовчевски – фудбал.
За најдобра екипа за 2025 година е прогласен рекометниот клуб „Еурофарм Пелистер“, на второ место е кошаркарскиот клуб „Пелистер“, а третопласирани се женскиот одбојкарски клуб и пинпонгарскиот клуб „Пелагонија“.
Сојузот на спортовите – Битола посебни признанија им додели на ракометниот, фудбалскиот и на планинарскиот клуб „Пелистер“, кои минатата година одбележаа значајни јубилеи, како и на навивачката група „Чкембари“.
Според утврдената традиција на манифестацијата „Спортисти на годината“, беа доделени и други признанија, дипломи и јавни благодарници за придонес во локалниот и националниот спорт.
февруари 18, 2026

