Кошарка
Тимот на „Старс“ го побди тимот на „Страјпс“ во финалето на НБА Ол-стар натпреварот
НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути.
Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени.
Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против „Ворлд“ (37:35 во продолжение). Натпреварот помеѓу „Страјпс“ и „Ворлд“ заврши со резултат од 48:45 во корист на американските кошаркари.
За феноменална вечер, признанието МВП (најкорисен кошаркар) на Ол-стар натпреварот 2026 отиде кај Ентони Едвардс од Минесота кој настапуваше за „Старс“.
февруари 16, 2026

