Вести
4490 казни од Safe City минатата недела, намалување од 10% во споредба со првите седум дена
Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрира вкупно 4.490 прекршоци, што е помалку за 10 проценти во споредба со првата седмица во февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Најголем број од прекршоците, односно 4.297, се за управување возило со брзина поголема од дозволената, 33 за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 160 прекршоци за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
МВР информира дека се изречени вкупно 148 мерки за забрана за управување возило (33 за минување на црвено светло и 115 за брзо возење), што е намалување за 48,6 отсто во однос на минатата седмица.
– Сто и петнаесет се за брзо возење, од кои 99 за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 километри на час сопствено ограничување на возило и четири за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта – соопшти МВР.
февруари 16, 2026

