Фудбал
Баерн сериозно заинтересиран за Осимен
Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен.
Според информациите во турските медиуми, 27-годишниот Нигериец се смета за потенцијално напаѓачко засилување на баварскиот клуб.
Баерн ја следи ситуацијата и ја проценува можноста за трансфер. Други европски клубови исто така покажуваат интерес за Осимен.
Оваа сезона, напаѓачот постигна 15 гола и имаше девет асистенции во 22 натпревари во сите натпреварувања.
февруари 15, 2026

