Политика
Стојаноски: Историски успех за македонската Влада и дипломатија, заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД
Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во светот, Соединетите Американски Држави. По затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, истакна на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка, но и го трасира патот за сеопфатен договор за тарифи не повисоки од 15 %, а за одредени производи и 0 %.
Суштината на овој дипломатски успех на македонската Влада е што ќе се идентификуваат производи кшто ќе добијат до 0 % реципрочна тарифа, што значи за дел од клучните индустрии и производи цариснките тарифи ќе се намалат до нула.
Оваа заедничка изјава на македонските компании им обезбедува конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари на светот.
Втората клучна придобивка е што со овој поволен економски договор во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а истовремено се праќа регионален и меѓународен сигнал за политичката и економската стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон.
Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство.
Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија е многу вредна препорака за привлекување нови инвестиции во Македонија.
Со овој документ неоснованите тези и критики на СДС дека македонската Влада е изолирана, дека нема никаков план, процена, насока – паѓаат во вода.
Целта на Владата е јасна – повеќе извоз, повеќе инвестиции и повеќе добро платени работни места дома.
Ви благодарам.
февруари 14, 2026

