Connect with us

Култура

Штипскиот обичај Ч’трсе ќе се презентира во седум европски држави како дел од проектот за зачувување на културното богатство

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) е дел од реализацијата на европски проект, во кој има девет партнери од седум европски држави, а проектот е за превентивни пристапи кон зачувување на европското културно наследство, информираше денеска Трајче Здравков директор на Центарот за развој на ИПР.

Тој вели дека со реализација на проектот ќе се подобри управувањето, заштитата и конзервацијата на европското културно наследство преку превентивни пристапи, иновативни технологии и споделување на најдобри практики меѓу јавни органи и партнери од повеќе земји. Во Штип ќе го презентираат обичајот Ч’трсе, кој се наоѓа на листата на нематеријално богатство на УНЕСКО. 

– Главната цел на проектот е заедно со девет партнери од седум држави да се работи на спорведување на искуства за зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство. Преку студиски посети и размена на искуства ќе се увиди како европските држави вршат конзервација на нивното културно наследство, вели Здравков. 

Тој додава дека активностите веќе започнаа, а проектот ќе трае до 2029 година. 

-Имавме студиски посети со партнери каде се утврдија начелата за имплементација на проектот. Очекуваме да се изработат и промотивни видеа за културните богатства во Источниот Регион, истакна Здравков. 

Во проектот учествуваат девет партнери од Шпанија, Италија, Естонија, Унгарија, Романија, Белгија и Македонија

Маркетинг
Ad 3
Ad 3