Connect with us

Свет

Мелони: Италијанскиот план „Матеи“ – ново поглавје во односите меѓу Италија и Африка

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска на Вториот самит Италија-Африка што се одржа во главниот град на Етиопија, Адис Абеба истакна дека италијанскиот план „Матеи“ е ново поглавје во односите на таа држава со Африка.

„Пред две години, кога имав чест да ве угостам во Рим, презедовме многу амбициозна обврска: да напишеме ново поглавје во историјата на нашите односи, да изградиме модел на соработка заснован на доверба и меѓусебно почитување, соработка меѓу еднаквите, далеку од каква било предаторска аспирација и патерналистички пристап што долго време ги искривуваше односите меѓу Африка, Европа и Западот и честопати ги спречуваше нашите земји да ги сфатат исклучителните квалитети и потенцијал на африканските народи“, рече Мелони, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони е копретседавач со самитот заедно со етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али, настан што ги собира 14-те земји учеснички во планот, како и функционери, вклучувајќи ги и шефовите на Африканската унија и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2