Connect with us

Општини

Делегација од Узбекистан во посета на Охрид, средби со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска прими делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општината Џизах, Азимов Зафар Абдумажидович.

– На работната средба на којашто присуствуваа и претставници од тамошните Министерставата за економија и финансии се разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави. Тоа би значело воспоставување цврста туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града. Гостите беа информирани и за субвенциите кои на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката, информираат од Општина Охрид.

На средбата станало збор и за меѓународниот туристички форум што секоја година се одржува во Узбекистан и придобивките од него.

Делегацијата од Узбекистан претходно оствари средба со високи владини претставници од областа на економија и финансии. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4