Connect with us

Скопје

Промоција на текбол во Ѓорче Петров – нов јавен простор за младите

Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го објавува во интегрална форма.

Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.

Текболот како иновативен и динамичен спорт станува се попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата.

Поставувањето на текбол масите е реализирано во партнерство со организацијата Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3