Кошарка
НБА ги казни Гвеј и Рид за тепачка за време на натпреварот Минесота – Атланта
НБА ги казни крилниот центар на Атланта Хокс, Мохамед Гвеј, и центарот на Минесота, Наз Рид, со по 35.000 долари за меѓусебна физичка пресметка.
Двајцата кошаркари беа исклучени 11 минути и 52 секунди до крајот на последната четвртина на натпреварот Минесота – Атланта 138:116. Инцидентот се случи откако Гвеј, 23-годишен сенегалски играч, го турна Рид, 26-годишен Американец, одзади, заработувајќи фаул.
Рид се приближи до својот противник, играчите си ги зграпчија дресовите продолжија со пресметката пред да бидат разделени од судиите, тренерите и соиграчите.
Натпреварот се одигра во вторникот (10 февруари) во „Таргет Центар“ во Минеаполис.
февруари 12, 2026

