Општини
Ќе се реконструира велешката улица „Васил Ѓоргов“, главна за високите делови од стариот дел на градот
Улицата „Васил Ѓоргов“ или познатите кривини кои водат до високиот стрмен дел на Велес наскоро ќе бидат реконструирани.
Општина Велес ги обезбеди средствата во соработка со Владата преку Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Тој појасни дека кривините кои се крвотокот кон високите населби во стариот дел од градот: Којник, Мегдан, Теќе и другите горни велешки маала, односно главната улица „Васил Ѓоргов“, која води до нив, ќе биде целосно реконструирана.
– Целта е подобро одвивање на сообраќајот и движење на пешаците во овој стрмен дел од градот, појасни Колев
февруари 12, 2026

