Економија
Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
Вкупниот број на туристите во земјата лани бил поголем за 6,0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10,3 %, а кај домашните намалување од 2,2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0,8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4,1 %, а кај странските раст од 6,4 %.
Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36,7 % биле домашни, а 63,3 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112.001, од кои 42,4 % се од домашните туристи, а 57,6 % од странските.
февруари 12, 2026

