Вести
Гаши учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон, еден традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, заемното почитување и моралната одговорност во лидерството.

На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, додека учеството на претседателот на Собранието во овој момент беше можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.



