Connect with us

Вести

Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија- потврдена заедничка подготвеност за унапредување на македонско-шпанската одбранбена соработка

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска учествуваше на отворањето на Третиот глобален самит за вештачка интелигенција во одбраната – REAIM, што се одржува во А Коруња, Кралството Шпанија. Настанот се организира на покана на шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес Фернандес. 

На самитот, на кој присуствуваат министри, државни претставници од земјите членки на ООН, академска заедница и меѓународни организации, се дискутира за одговорниот развој на вештачката интелигенција во воен контекст и важноста од почитување на човековите права и меѓународното право

Во рамки на настанот, како што соопштија од Министерството за одбрана, Мисајловски остварил билатерална средба со министерката Роблес, на која била потврдена заедничката подготвеност за унапредување на одбранбената соработка меѓу двете земји. Двајцата министри разговарале за повеќе можни заеднички активности и за подготовка на нов План за соработка. 

Министерот Мисајловски истакнал дека брзиот развој на технологијата во одбраната бара силна соработка меѓу сојузниците, за да се обезбеди сигурност и стабилност. Според него поканата за REAIM е дополнителна потврда за одличните билатерални односи со Шпанија. 

Во изјавата, Мисајловски потсетил дека Северна Македонија во ноември 2024 година беше првата земја-кандидат од Западен Балкан што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата и понатаму ќе продолжи со силен придонес кон регионалната и колективната безбедност. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2