Connect with us

Вести

КСС: Секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш

Конфедерација на слободни синдикати соопшти дека започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година. За ова веќе е започаната подготовката на поединечни колективни договори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност без да се изгуби времето на работниците.

„КСС уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш“, велат од КСС.

Од таму додаваат дека во изминатиот период јавноста е сведок на обиди за создавање лажна слика дека не постоела реална можност за покачување на платите и дека некој друг е виновен за изгубеното време на работниците. 

„Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди кон конкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат“, се вели во соопштението до медиумите од КСС.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2