Connect with us

Вести

Амфитеатарот на Институтот „Биосенс“ во Нови Сад ќе го носи името на Васко Саздовски

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре ќе отвори амфитеатар  што ќе го носи името на Васко Саздовски, кој загина при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Саздовски докторирал на Универзитетот Кренфилд во Велика Британија и, во кариера долга повеќе од 20 години, се занимавал со роботика и автономни системи во институции во Македонија, Германија и Хрватска, а потоа и во Институтот „Биосенс“ – се наведува во соопштението на Институтот.

Покрај неговите исклучителни професионални достигнувања, Саздовски беше познат по својата љубезност, дарежливост и посветеност кон своите студенти и колеги, а со именувањето на амфитеатарот по Саздовски, колективот на Институтот „Биосенс“ го негува споменот на исклучителна личност, колега и соработник и ги зачувува вредностите на кои тој бил посветен – посветеност, знаење и човечност.

Саздовски (1979–2024) беше вработен во Институтот Биосенс, во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1