Вести
И во Битола и Струмица протести поради конфискација на возила на лица кои возат без возачка дозвола, се палеа гуми и отпад
На 3 февруари 2026 година, серија координирани протести избија во неколку градови низ Македонија, како директен одговор на засилените контроли на Министерството за внатрешни работи (МВР). Главниот поттик за незадоволството е примената на членот 297-а од Кривичниот законик, кој предвидува конфискација на моторни возила за „безобѕирно управување“, што според новите толкувања вклучува и управување возило без положен возачки испит.
Протестите брзо се проширија низ клучните сообраќајни точки во државата, а протестантите блокадата ја правеа со палење гуми и отпад.
Во Битола, жителите на населбата Баир го блокираа магистралниот пат Битола-Ресен и обиколницата кон Охрид, предизвикувајќи сообраќаен колапс. Во Кочани, демонстрациите беа концентрирани во населбата Трајаново Трло, поточно на улицата Цветан Димов. Во Струмица, беше блокиран транзитниот пат кај Ромското маало, каде густиот чад од запалените гуми дополнително го влоши аерозагадувањето.
февруари 4, 2026

