Connect with us

Вести

Протести во Кочани поради акција на МВР за конфискување на возила од лица кои немаат возачка дозвола

Попладнево, во населбата Трајаново Трло во Кочани, група граѓани организираа протест против новиот закон кој предвидува одземање на возила управувани од лица без возачка дозвола. Учесниците запалија гуми на улицата „Цветан Димов“, што привремено го блокираше сообраќајот и предизвика загриженост кај локалното население.

По интервенцијата на противпожарната служба и полицијата, огнот беше изгаснат, а протестот заврши без дополнителни инциденти. Од надлежните институции истакнаа дека ќе постапат согласно законот, нагласувајќи дека палењето гуми и блокирањето на улици претставува нарушување на јавниот ред и мир.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3