Connect with us

Хроника

Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Утрово во 02:00 часот на улицата Партизанска во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. 

Од СВР Битола информираат дека со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана. 

Службеници на СВР Битола спроведоа акција и на улицата .„Илинденска” во Битола и го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога. 

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, потврдија од СВР Битола. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1